Те сакам. Бескрајно те сакам. Со сето срце, со сета своја душа... Се случи да се вљубам во тебе на прв поглед. Некогаш ми беше смешно кога ќе речеа - љубов на прв поглед. А еве токму мене не ме одбегна.
Зар не е романтично? Но оттогаш ми се всели немир во срцето. И одеднаш, само за миг, сиот мој свет се промени. Ме излуде со еден поглед, со една насмевка. Почнав да сонувам, постојано да мислам на тебе. Секој ден те гледам. И станувам сé посигурна во љубовта кон тебе. Кога ќе ме погледнеш, почнуваат да летаа пеперутки пред мене, упорно да летаат, а притоа запишувајќи го твоето волшебно име во воздухот. Во стомакот нешто ми затреперува. Твоите очи се толку мили и невини. Толку многу ги љубам. Ти, само ти си единствениот по кого срцево ми копнее. Ти си како ветар кој нежно ме допира и милува. Ти си сонце кое ме огрева, ти си најубавиот цвет во мојата градина. Ти си ми сé, ти си мојата единствена и незборавна љубов. Ти си мојата среќа, мојот живот.
Копнеам по љубовта твоја, копнеам од твоите нежни усни да ги слушнам двата волшебни збора: ТЕ САКАМ!
Немој да те зачудува тоа што сакам да сум твоја принцеза. Затоа заборави сé друго и дојди кај мене. Дојди кај онаа девојка што толку многу те сака. И сакај ме како што те сакам јас, зашто моево срце силно трепери и само тебе те чека.
{fcomment}